За нас
ФАБРИКАТА ЗА АМОРТИЗЕРИ “СТД “ е основана 1983 година во Нов Дојран, и се занимава со производство на амортизери за камиони, автобуси и приколки, како и завртки, навртки, осовини и специјални делови на сите видови возила.
Големата продуктивност на 20 вработени овозможува годишно производство од околу 10.000 амортизери со тенденција за зголемување. Од околу 450 различни видови на амортизери кои се произведуваат во нашите погони 70% се пласираат на пазарите на нашите соседни земји, а остатокот е наменет за Македонскиот Пазар.
Повеќегодишната работа за проширување на асортиманот, зголемување на обемот на производството и подобрување на квалитетот овозможува нашите амортизери да бидат како прва уградба во фабриките за автобуси, камиони и приколки во регионот, како и резервни делови во повеќе трговски куќи.
СТД успешно се портретира како професионална фирма која во секое време е високо квалитетна во работењето во својата област, фокусирана кон корисниците на своите производи и успешно го одржува и спроведува системот за управување со квалитет ISO 9001/2000 воведен во 2007 година.
Клучот за успех на тимот што раководи со компанијата е постојаниот стремеж за одржување на високиот квалитет на производите како и постојано усовршување и подобрување.